Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, му испрати писмо на претседателот Стево Пендаровски, во кое тој вели дека се согласува со трите приоритети што шефот на државата ги наведе во интервјуто за Алсат, но дека не се согласува со оценката „дека Северна Македонија треба да се откаже од интеграцијата во Европската унија доколку Република Бугарија го услови започнувањето на преговорите за членство на земјата во ЕУ, со барањето македонскиот јазик во официјалните документи на ЕУ да биде наведен како ‘официјален јазик на Република Северна Македонија’“.

Ви честитам за вашиот настап на 1 мај во Алсат каде што истакнавте три приоритети за иднината на земјата, имено демократија, интеграција во цивилизацијата и западните институции, и хетерогена Северна Македонија, „каде што секој претставник на која било етничка или верска заедница има подеднакви права со сите, со мене, со тебе, без разлика’“. Но не се согласува со изјавата околу бугарското условување за македонскиот јазик.

Не, господине претседател, граѓаните на оваа земја никогаш нема да се согласат со откажувањето од ЕУ. Постојат многу причини за тоа, вклучувајќи ги и нивните три децении жртвувања и напори и немање друга алтернатива, но пред сè затоа што интеграцијата во ЕУ е директно поврзана со вториот приоритет што вие го издвојувате како државен интерес, интеграцијата во цивилизацијата и западните институции, што започна со членството на земјата во НАТО и ќе биде завршено само кога ќе станеме земја членка на ЕУ.

Јас ја разбирам целосно вашата емоционална реакција на бугарското условување на македонскиот јазик, затоа што секој државник и човек во целата земја би бил огорчен како и вие, во случај да му се наруши националниот идентитет. Како и да е, тоа што не можам да го разберам е како, дури и по овој бугарски услов, вие лично и македонскиот политички естаблишмент воопшто, не започнавте ниту најмал одраз на тоа како се чувствуваат Албанците во Северна Македонија каде постојано се нарушува нивниот национален идентитет, вели Села.

Наведувајќи историски ситуации за положбата на Албанците уште од Кралството СХС, Села го прашува Пендаровски „што уште го оправдува негирањето на албанскиот јазик во Северна Македонија? Јас немам како да не се сомневам дека истата логика го мотивира континуираното одбивање од страна на македонската политичка класа дека Уставот на Северна Македонија се однесува на албанскиот јазик по свое име наместо формулациите позајмени од срамното тоталитарно минато“.

Тој вели дека „новината денес лежи во фактот дека со бугарското условување, дел од политичарите и македонскиот народ разбрале, се надевам дека разбрале, дека барањата на Албанците не се националистички. Ова барање е, всушност, природно и многу човечко право што има врска со нашиот идентитет како нација. Затоа, господине претседател, ние ја споделуваме вашата загриженост и ви кажуваме дека имате право да бидете огорчени од бугарското условување, исто како што Албанците со право се длабоко огорчени од анахронистичкиот и антиевропскиот устав на Република Северна Македонија, му пишува Зијадин Села на Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.