За жал, денес сме засрамени кога ги гледаме празни куќите на нашите браќа, училниците на нашите деца со малку ученици. Да не заборавиме дека има деца кои не успеале да го научат албанскиот јазик, рече лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на средби со граѓаните на Дебар.

Со албанските министри за образование над 1.000 деца Албанци во Велес и во Чашка немаат право да учат на албански јазик. Правото на образование на албански јазик е невозможно. Потребите на Албанците овде во Македонија се за жал средновековни, додека нашите противници се горди на своите големи достигнувања, рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.