Ѝ се заблагодарив на амбасадорката Брнз за неодамнешниот извештај на Стејт департментот на САД за практикита на човековите права во Македонија при решавање на нашите проблеми околу државјанството, пишува лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села по разговорот со американската амбасадорка Кејт Брнз.

Во разговорот Села ја потврдил подготвеноста да придонесе на конструктивен начин за материјализирање на перспективата на Македонија во ЕУ во интерес на граѓаните.

Ми беше задоволство да разговарам со амбасадорката Кејт Брнз заедно со претседателот на Алтернатива Африм Гаши за последните политички случувања. Ја истакнав неопходноста да се продолжи со пописот на населението во 2021 година и да се обезбеди донесување на законот за државјанство низ Парламентот, напиша Села по разговорот со амбасадорката.

Алијанса за Албанците попладнево поднесла над 100 амандмани на законот за одложување на пописот кои беа одбиени во комисијата за Европски прашања затоа што не биле уредно доставени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.