Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по завршувањето на седницата за уставни промени изјавил дека нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО.

Секако дека немаше друга алтернатива освен да го продолжиме патот кон НАТО и ЕУ. Овој беше многу важен момент за кој беше известена јавноста, важен чекор кон овој важен пат. Се разбира дека успеавме да вметнеме неколку измени во рамките на овој процес. Уште еднаш се докажа дека нема непроменливи работи и дадовме придонес ова општество да се чувствува еднакво и поправедно. Можеше да се направи и повеќе, но за жал недостигаше унифицирањето на албанскиот политички фактор. Кога ова го кажувам, мислам на сите и на тие кои се дел од Владата, истакнал Села за ТВ21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.