Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села не смета дека опозицијата нема мнозинство ако пратеникот Скендер Реџепи не сака да стои на иста листа со Левица.

Се разбира дека Зејди не е изманипулиран во однос на списокот за формирање на ново парлаентарно мнозинство. Кога човек има проблем, тој навистина се труди да најде изговори и лаги кои пак, очигледно не се основани. Никој не е дете, сите знаат дека списокот што е потпишан е потпишан за уривање на Владата, на овој хибриден режим, изјави лидерот на Алтернатива за Албанците Зијадин Села.

Во изјава пред Собранеито Зијадин Села рече дека прават се само Заев да го одржи зборот и да си поднесе оставка.

Ако се зборува за антиалбанска и анти-НАТО албанска партија, зошто зборуваат само за Левица, која е нова и мала партија. Зошто не зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, или се чуваат затоа што еден треба да седнат со нив и да разговараат за влез во влада, рече Села.

ТОј потсети дека НАТО е завршена работа, Македонија е членка на алијансата и никој не може да ја извади од тој сојуз.

Истото важи и за Косово. Косово е признаена независна држава од страна на Македонија и никој тоа не може да го врати назад, особено не нова и мала партија како Левица. Новото парламентарно мнозинство е направено со цел рушење на оваа влада, заврши Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.