На пленарната сесија на 11 декември да се одржи ратификувањето на протоколот за членство во НАТО, за да истиот не се искористи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори, побара на денешната прес конференција, лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.

Денес е време да поднесеме барање до владата и до сите политички партии дека поддржувањето на ваква иницијатива нема да биде прв пат. Затоа што има преседани. Исто така, имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора, кога собранието гласаше за протоколот пред истото да се случи од сите земји членки на НАТО, така што доволна причина за нас да гласаме“, рече Села.

Зијадин Села кажа и дека покрај случајот со Црна Гора, имаме и внатрешен преседан, спомнувајќи го случајот со ратификувањето на Преспанскиот договор, пред истиот да биде ратификуван во Грција. Тој потенцираше дека овој момент не треба да се искористи како причина за одложување на изборите и затоа ги повика сите политички партии да ја поддржат ваквата иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.