Блерим Река и Зијадин Села на вечерашната конференција за медиумите рекоа дека очекуваат распишување предвремени парламентарни избори. Изборите беа фер и демократски, но излезноста на гласачите беше мала, изјави Блерим Река, кандидатот за претседателските избори на Алијансата за Албанците и Беса. Тој рече дека ако освои повеќе гласови од ДУИ ќе се активира во политиката. Река освои 51.000 гласачи, а очекува таа бројка по завршувањето на пребројувањето во сите избирачки места да биде 80 илјади.

Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците го потсети премиерот на дадениот збор.

Заев рече дека ако Пендаровски изгуби и со само еден глас, тој ќе предложел распишување на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор, рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.