Оставка на премиерот Зоран Заев и на владата и распишување на предвремени избори, побара лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

И ние како и граѓаните длабоко сме разочарани, не од ЕУ туку од внатрешните случувања и немањето капацитет на власта да направи реформи. Дојдоа на власт само со ветувањето дека преку правда ќе се гради мир. Ниту правда градевме, ниту мир. Проблемот е што наместо да се соочи со корупцијата и криминалот владата стана дел од корупцијата. Владата наместо да ја избере правдата, прогресот, иднината како земја членка на ЕУ, одбра криминал. Владата треба да плати цена за неуспехот – рече Села.

Тој рече дека ќе учествува на лидерската средба во недела по повик на претседателот Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.