По 17 октомври нема да има повеќе општини управувани од ДУИ, порача вечерва лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на заедничкиот митинг со Алтернатива вечерва пред тетвочани. Тие во Тетово ја побараа поддршката од жителите, на кои им упатија порака дека е време за промени.

Во недела со рака да го покажете дека патот на светлината. По 17 октомври, нема да има повеќе општини што ќе ги води ДУИ, бидејќи нашата коалиција ќе победи од Струга до Липково. Кажете им на луѓето дека ни треба убедлива победа, да победиме чисто како во Гостивар уште во првиот круг, рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.