Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во гостување на ТВ21 изјави дека после изборите немале конкретна понуда од СДСМ за коалицирање за Влада.

Ние дадовме предност на ДУИ да преговара со СДСМ, за да може ДУИ да добие премиер Албанец за четиригодишен мандат. ДУИ тоа не го направи и треба да оди во опозиција, рече Села.

Според него, предизборната реторика на ДУИ и СДСМ била манипулација со јавноста, и тоа било координирано.

Тоа што го правеше со Груевски во минатото, сега Ахмети го прави со Заев, истакна Села, додавајќи дека: СДСМ сакаше да продолжи да владее со ДУИ.

Тој го повтори ставот дека ДУИ украла гласови на изборите на штета на коалицијата на Алијансата и Алтернатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.