Претседателот на Алијанса за Зијадин Села во емисијата „24 анализа“ рече дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски зборувале за локалните избори, за иднината на граѓаните и констатрале дека наместо да се гради правна држава, сè оди во спротивна насока.

Констатиравме дека мора да дојде до промени и како партии во опозиција, се залагавме за да направиме договор за меѓусебна поддршка во неколку општини, а за други теми ќе зборуваме. Нема потреба Мицкоски да ми се извини за 27 април, повеќе треба да ми се извини Зоран Заев. Јас сум човекот што го спаси на тој ден, вели Села.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат АА во Струга, а тие нив во Охрид, Битола, Ресен, Крушево и Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.