Не е можно Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција е наменета за опозицијата, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Коментарот на Села пристига откако денеска се проширија информации дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител.

Лидерот на Алијанса за Албанците гооворејќи околу резултатите за изборите рече дека е нанесена неправда на неговата коалиција, и дека победата е украдена, притоа алудирајќи дека ДУИ имаат украдено гласови.

Тој потенцираше дека Државната изборна комисија немала слух за нивните барања и жалби, но и дека во ДИК немало член од нивната партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.