Пред денешната средба на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Засев со лидерот на Алијансата за Албанците за поддршка за консензуален кандидат за претседател, Зијадин Села во синоќешното гостување на вториот канал на МРТВ рече дека неговата партија ќе ја разгледа понудата за консензуален претседател и ќе донесе одлука дали се прифаќа.

Според Села, останува да се види дали и кој од понудените профили на консензуални кандидати ќе ги застапуваат правата на целото население.

Тој смета дека е важно да се има вистински и општоприфатен кандидат за консензуален претседател на Македонија, потсетувајќи дека во минатото ДУИ му овозможиле на Ѓорѓе Иванов да стане шеф на државата а потоа тој ги занемарил интересите на Албанците.

Го имам истиот став дека се случува истиот феномен како во времето на коалицијата ВМРО-ДУИ. За жал сега се случува и со овој нов режим. ВМРО-ДПМНЕ имаше централна и локална власт, претседателот, судот, а истото се случува сега со овој СДСМ-ДУИ режим, на кој само претседателот му недостасува и целата оваа акумулација на власт нема да биде за доброто на народот – рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.