Лидерот на Алијанса на Албанаците, Зијадин Села по лидерската средба рече дека сите се согласиле на 12 април да се одржат предвремени парламентарни избори.

Граѓаните сакаат промени. Граѓаните сакаат да се врати демократијата. Треба да ја вратиме надежта кај младите кои бегаат од државата немајќи услови за живот, за образование, немајќи сигурност – изјави Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците по вечерашната лидерска средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.