Алијансата за Албанците и Алтернатива поднесоа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по вчерашниот скандал со бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Театар, како може јас да давам проценка за смешните сценарија кои се прават деновиве. Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знаат каде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалков доби домашен притвор. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата, рече Села.

Села кажа дека живееме во држава каде од час во час има нов скандал, а политичарите од власта ги нарече лажговци.

Не водат и владеат со нас лажговци, а не одговорни политичари. Уште еднаш ги повторувам зборовите на Заев кога беше опозиционер. Заев тврдеше дека невини луѓе лежат во затвор за „Монструм“, дека вистината е многу болна. Кажуваше сценарија кога ќе биде објавена вистината оти била многу болна и да не наштети на меѓуетничките односи. Заев денес никаде го нема а партијата на прес конференција порачува дека не теба да се мешаме во судски одлуки. Кога лажеше Заев? Лажеше тогаш или лаже сега. Ова не е лага која се фрла за да се добие власт, туку се работи за чувства на родители кои изгубиле најмили и на родители чии невини блиски ќе одат во затвор. Заев треба да даде оставка оти гласови доби и од Албанците дека ќе ја каже вистината за „Монструм. Нема правна држава туку има здружување на бившите противници во една криминална власт. Гледаме сценарија во боливудска режија, рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.