Лидерот на ДУИ Али Ахмети одлучил да ја промовира идејата за Албанец-премиер откако на анкети на валидни меѓународни институции имал понизок индивидуален рејтинг од Зијадин Села, смета лидерот на Алијансата за Албанците за „Гласот на Америка“.

Тоа е само една игра. Премиер Албанец има значење, само кога во собранието ќе имаме мнозинство Албанци. Премиерот е резултат и последица на минимум 61 пратеник и мислам дека секој премиер без разлика што може да зборува албански, кога му стои мнозинство македонско, тој не е Албанец, тој има само име албанско и ништо повеќе. Немојте да заборавите, дека кога Албанците гласаат и ти даваат подршка и легитимитет тие го имаат избрано нивниот албански премиер. Али Ахмети веќе 18 години од Албанците е избран за албански премиер, но никогаш не ги бранел нивните интереси, рече Села.

Според него, судските одлуки се носат по етничка и политичка линија, па затоа мора да воспоставиме правна држава и правен систем, пред кој сите ќе бидат рамноправни, без разлика дали се обични граѓани или министри, поранешни министри, сегашни или поранешни носители на јавни функции.

Новост е тоа што во првите сто дена кога ќе станеме дел од власта, ќе се обратиме со барање до ЕУ и главните членки на ЕУ, кои не следат во делот на правото, за да во Македонија, дојдат експерти, судии и правобранитепи од Франција, Германија и Холандија, за да се отворат сите затворени предмети, а каде има висок политички криминал и корупција и со тоа да се отворат прашањата и на монтираните политички процеси. Ние ќе го бараме истото што ЕУ, го дава како помош во источните земји,како на пример Украина, а тоа е мониторинг во судот за организиран криминал и корупција. Постојан мониторинг од судии обвинители, за да н еможе одлуките да се носат политички и во иднина, рече Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.