Попладнево, додека трае собраниската расправа за законот за јавно обвинителство, по паиза од еден час таа продолжи во 19 часот. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска побара збор и кажа дека овој закон се бара со цел да се избегне распуштање на Собранието и избори на 12 април.

СДСМ за да избега од избори ја наметна тезата дека законот за ЈО треба да се донесе два дена пред распуштањето на Собранието. Тоа е само за да не се распушти Собранието. Доколку некој писател би пишувал книга за состојбата во која ние живееме, јас би му предложила книгата да се вика: „Секоја држава има своја мафија, но кај нас мафијата има држава“ и да раскаже за овој циркус во Собранието и низ каква голгота поминува македонскиот народ. Гледаме недемократска траги комедија, комедија за гладачите на пржинскиот театар на апсурдот. Ќе и објасна ли некој, на техничкава дружина дека има наменаска улога преку тесна соработка со претставниците на опозицијата за да се овозможат фер и демократски избори. Тие глумат суперфранкенштајн Влада. Пржинската влада има и ограничено владеење, не траба да предлага закони, туку да обезбеди фер и демократски избори. Апелирам овој закон да се повлече и да се гласа за распуштање на Собранието и избори на 12 април, рече денеска во законодавниот дом пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери пред паузата во 18.00 часот, рече дека Собранието од 19:00 ќе продолжи со работа без прекин, додека не биде распуштено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.