СДСМ призна дека цензурира вести. На прес конференцијата на СДСМ Богданка Кузеска кажа дека изготвиле стратегија за цензурирање на медиуми. Дали Кузеска во име на политичка партија подготвува платформи за лажни вести, наместо тоа да го прави официјално Владата, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму потсетуваат дека дури и власта да направила проект тоа е работа за која треба да извести Владата, а не СДСМ.

Знаеме дека СДСМ од Павел Шатев има цели акции за лажни вести и нивно ширење, веројатно затоа што се лидери во нивното креирање.
Против демократијата се илјадниците коментари и постови на граѓаните кои се избришани заради тоа што на СДСМ и Заев не им одговара кога некој е критичен кон анационалните политики на оваа власт.
Власта директно од Павел Шатев прави факт чекинг за руски салати, додека најголемите лажни вести излегуваат од устите на функционерите на СДСМ.
Рекламирањето на владини мерки кои сеуште не се донесени во државните институции од партиската говорница на СДСМ е доказ дека во седиштето на лажните вести се штампа цензурата која оваа партија ја спроведува на дело кон дел од медиумите во земјава.
Кузеска треба да се свести дека не е портпарол на Владата и на неколку министерства одеднаш, па да говори какви меморандуми, протоколи и мерки тие ќе преземаат.
Кога зборуваме за проверување на фактите, лажните вести на оваа власт не можат веќе да бидат изброени. Секој втора реченица на Заев е лажна вест, со Филипче ја победивме короната уште во мај месец лани, Заев, Османи и Димитров го донесоа непостоечкиот датум за преговори, Шилегов вели нема загадување во Скопје, Шеќеринска објавуваше класифицирани воени документи и многу други блескави вистини, а кои факт чекерите на СДСМ спијат, ама затоа секој кој е критички настроен кон власта ќе биде оцрнет и цензуриран.
Притисокот кон медиумите кој сега го најавува СДСМ директно од партиската говорница е прочитан и целта е јасна, да се оцрнат медиумите кои се критични кон Зоран Заев и власта, да се цензурираат неистомислениците по секоја цена за СДСМ да продолжи да си глуми демократија, а на граѓаните да им се сервира непостоечка реалност.
За СДСМ и оваа власт вистината е само она што ќе го каже Зоран Заев, се друго е лажна вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.