Декларацијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, која вчера едногласно ја усвои Централниот одбор на СДСМ во проширен состав е бланко виза за исклучување на било кој член од партијата без оглед дали станува збор за министер, пратеник или обичен член, доклоку се утврди дека е инволвиран во криминал, рекет, корупција, брифираат за Плусинфо високи партиски функционери.

Ова доаѓа во екот на случајот „Рекет“ каде се осомничени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец, а во скандалот за изнуда на милионски суми од бизнисмени веќе на големо се шпекулира дека се инволвирани и двајца пратеници на СДСМ.

Секој кој е вмешан во криминал и корупција не му е место во партијата. Со декларацијата повторуваме дека бескомпромисно ќе се бориме против криминалот и дека никој не треба да се надева на партиска заштита – вели функционерот за Плусинфо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.