Поразителни се денешните резултати со корона вирусот. Она што е најважно е дека се зголемува бројката на починати и таа изнесува дури девет лица.

Но, загрижувачки е и соодносот помеѓу бројот на направени тестови и заразени. Како што соопшти министерството за здравство денеска се направени 778 тестирања. Од нив, позитивни се 162 граѓани.


Математиката покажува дека секој 4.8 тестиран граѓанин е позитивен.Можеме само да претпоставиме колква ќе беше бројката доколку се зголемеа бројот на тестирања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.