Како поминуваат деновите, така се топи казната на Мијалков во години, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија се сомневаат дека казната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков од 12 ќе се стопи на 9 години и дека токму тоа е договорот меѓу Заев и Мијалков.

Му простува ли Заев на Мијалков за да Мијалков преку свои пајташи прикажува вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ? Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а власта се уште крие детали од случајот. Заев молчи и не кажува дали два дена колку што Мијалков бил во бегство се договара со него и дали во ЈО е донесен со владин црн пасат. Откако Мијалков се јавил во ЈО до драмата пред камери има 40 минути. Зошто Мијалков е пуштен 40 минути да се шета на околу наместо веднаш да се однесе во куќен притвор? Дали циркусот на Мијалков пред ЈО беше дел од договорот Заев – Мијалков, со цел да не падне владата на првиот, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.