Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На седницата на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање директорот на Агенцијата за разузнавање ќе информира во врска со кадровските промени и состојбите во Агенцијата.

Јавна расправа по Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, е единствена точка на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.