Седници на четири собраниски комисии

Македонија 04.02.2020 / 9:44

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика ќе дискутираат за Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во второ читање, поднесен од пратениците Реџаиљ Исмаили, Мирсада Емини Асани и Агим Шаќири.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдување на повеќе предлог- одлуки за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборите за доделување на државните награди „Гоце Делчев”, „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, „Св. Климент Охридски”, „Мајка Тереза” и „11 Октомври”.

На собраниската Комисија за култура денеска е предвидена надзорна расправа на тема „Културните политики и начинот на донесување на Годишната програма на Министерството за култура за проекти од национален интерес, со посебен осврт на реализацијата на Програмата за 2018 година”.

Законодавно-правната комисија ќе одржи три комисии, 224-та, 226-та и 228-та. На 224-та седница на дневен ред се Предлог-законот за изменување на Законот за јавните собири и  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите во второ читање.

На 226-та седница на Законодавно-правната комисија на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во прво читање, поднесен од пратеникот Александар Кирацовски, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024 година, Предлог – законот за остварување на јавниот интерес во културата и Предлог – законот за Агенцијата за разузнавање, сите во прво читање.

На дневен ред на 228-та седница на Законодавно-правната комисија се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за платниот промет во второ читање и  Предлог-законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во второ читање, поднесен од партениците Реџаиљ Исмаили, Мирсада Емини Асани и Агим Шаќири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.