Со почеток во 12:00 часот утре во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно” ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.
Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времтраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.