За 4-ти ноември е закажана седница на која конечно ќе се оценува обвинителниот акт за Организаторите на 27 април, кој беше поднесен уште пред пет месеци.

Заради интерес на повеќе медиуми околу обвинителниот акт во јавноста поврзан со „организаторите на настаните од 27 – ми април 2017 година“ ја информираме јавноста дека надлежниот совет за оценка на обвинителениот акт на 4 – ти ноември закажа седница за оценка на која веќе се повикани странките во постапката.

По одржување на седницата и донесена одлука на советот странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.