Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици на министрите во Владата.

Владата во петокот ја достави до Собранието листата со предлозите за заменик-министри. Башким Хасани е предложен за заменик во Министерството за одбрана, а Назим Буши, за заменик во Министерството за внатрешни работи;

Агим Нухиу, за заменик во правда; Илхан Рахман, за заменик во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците; Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи; Димитар Ковачевски, за заменик – министер во Министерството за финансии; Зоран Маневски, за заменик во Министерството за економија, а Трајан Димковски, за заменик во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Илир Хасани е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство.

Арафат Шабани е предложен за заменик во Министерството за образование и наука; Енвер Хусејин, за заменик во Министерството за труд и социјална политика; Зоран Димитровски, за заменик во Министерството за локална самоуправа; Седат Сулејмани, за заменик во Министерството за култура; Александар Бајдевски, за заменик во Министерството за информатичко општество и администрација; Беким Реџепи, за заменик во Министерството за транспорт и врски; Христина Оџаклиеска, за заменик во Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.