Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница ќе се утврдува редоследот на единствената листа на кандидат за претседател на државата, односно ќе се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата кандидати: Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река кои официјално се кандидати во претседателската трка. ДИК вчера ја потврди регуларноста на нивните кандидатури.

Силјановска Давкова е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Пендаровски на СДСМ и коалицијата, а зад Река застанаа Алијанса на Албанците и Движењето Беса. Од 1 април почнува кампањата за претседателските избори.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски апелираше до сите учесници во кампањата изборите да поминат во фер и коректна атмосфера и да претставуваат политички натпревар на идеи, со цел изборите да бидат „кристално чисти“ и да значат чекор повеќе во развој на демократскиот капацитет на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.