На денешната седница, Владата донесе одлуки за разрешување и именување на директори, в.д. директори и членови на управни и надзорни одбори на агенции, инспекторати, управи, државни претпријатија и јавни установи.

Висарa Риза е нов в.д. директор на Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Милан Запровски в.д. директор на Државен инспекторат за земјоделство, Емил Крстевски е именуван за в.д. директор на Државен архив, Арбен Вила на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ.

Дејан Богоевски е именуван за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем, Пајазит Лика за в.д. заменик директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Армир Садики за в.д. директор на Биро за јавни набавки.

За в.д. претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ е именуван Ване Цветанов.

Рефик Мустафа е именуван за в.д. директор на Управа за електронско здравство.

Марјан Огненовски е разрешен од должноста управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – Скопје, а на негово место е именуван Зоран Исајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.