Владината прес- служба вечерва соопшти дека Владата во 21 часот ќе одржи седница, на која се очекува да се донесе одлуката за прогласување на кризна состојба на територијата на цела држава во траење од триесет дена.

Владината прес-служба соопшти дека за заклучоците од седницата ќе информира по нејзиното завршување.

Премиерот Зоран Заев на прес- конференцијата по седницата на Националниот совет за безбедност денеска изјави дека Владата најдоцна до утре, а може уште денеска да одлучува по предлогот на Советот.

Oдлуката за кризна состојба откако ќе го помине владиниот филтер оди во главниот штаб во центарот за управување кризи кој треба да го изработи акцискиот план за постапување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.