Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи седница на која треба да разгледа неколку годишни извештаи на институции за 2019 година.

На дневниот ред на седницата се годишните извештаи за работата на Комисијата за хартии од вредност и на Агенцијата за супервизија на осигурување, двата за 2019 година, како и годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2019 година, и финансискиот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.