Го познавам македонскиот лидер, сум бил дома кај премиерот, открива Седат Пекер во видео од 9 мај на кое зборува за убиство во Турција. Пекер отворено признава дека не само што го знае, туку со Зоран Заев е доволно пријател за да може да го посети и во неговиот дом.

Превод:

Седат Пекер во интервјуто тврдејќи дека Агар во Турција донел човек за ликвидација на Мансимов кажа:
„Гули е депортиран од страна на државата, по престрелката во Едирне со оделот за организиран криминал, во која почина еден полицаец. Ова го направија луѓето на Гули, но тврдат дека не може да се поднесе обвинение поради недостаток на докази. Депортацијата е за невлегугање во Турција. Јас го познавам премиерот на таа држава, бев гостин во домот на лидерот на Македонија. Се познавам со сите политички лидери во Македонија. Од државата депортиран сум поради пречекорување на престојот за три дена кој не можам да го отстранам и не можам да влезам во земјата. Додека длабоката држава во Турција поништувајќи ја одлуката за депортирање го врати човекот кој е обвинет за убиство на полицаецот за организиран криминал во Едирне“

Најпознатиот турски мафијаш е еден од лицата кои добиле македонски пасош со лажен идентитет во аферата „Мафија“ (акција „Двојник). Откако изби аферата, се појавија голем број на видеа ифотографии кои докажуваат дека Пекер не само што имал македонски документи, туку во Македонија се чуствувал навистина како дома.

Тој редовно се среќавал со членови на СДСМ, кандидати за пратеници, градоначалници, а заштита имал и од полицијата.

Заев пред само месец дена кажа дека бил запознаен со сите овие средби кои ги имал Пекер, но сокри дека и самиот тој е меѓу високите функционери со кои мафијашот се дружел.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.