Каква сме ние пропала збирштина.
Имаме 145 мртви, секој ден растат заразени, ја искинавме кривата, ситуацијата е сериозна и бара максимална сериозност, а нашите две партии се бават со избори, со местенки, зборат за теретани и кафани, третата се бави како да бутне нови партиски во администрација – вака аналитичарот Ивор Мицковски ги коментира актуелните случувања на македонската политичка сцена.

Вечерва главна тема е кој бил во кафеана, каде седел, со кого седел, додека инспектори чекале пред врата за да видат кој ќе излезе од објектот. абилансот денеска е 101 ново заразен од Корона, еденпочинат.Пред нас е полициски викенд за време на православен празник, за што верниците реагираат.

Мицковски пишува:

Едниве плукаат по другиве и обратно, а ние мораме да живееме со ова срање секој ден. После јавноста била хистерична и се бавела со дневна политика. Па вие сте тоа бе дечки, ни правите вожња од која не можеме да избегаме, празна и шуплива, пошто нема друго.Па јебо вас бог вас јебо ова е комплет полудено и памет не доаѓа. А какви реални проблеми и борби за водење имаме, никој со тоа не се замара.
Срамота сме…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.