Целосен дебакл доживеаја т.н мали партии на овие избори. Од сите нив единствено Левица успеа да влезе во Парламентот со двајца или пак можеби и со тројца пратеници. Бројките на останатите партии е во рамките на статистичка грешка и се движи од 1.000 до 2.000.

Иако пред изборите имаа големи очекувања, Донтовиот модел, но и слабиот капацитет беше погубен за партиите од третиот блок. Во вакви услови кога нивните и онака мали гласови се раштркани во неколку единици, и се дели со количник 6,7, 8 и 9 станува невозможно да освојат и еден пратеник.

„Република“ направи анализа на неофицијалните резултати на овие избори и заклучокот е дека во „бунар“ се отидени 30.336 гласови.Толку гласови ќе останат непретставени  во Собранието, односно ќе се загубат.

Девет партии и по овие избори ќе останат непараментарни. Најблиску до пратеник беше Интегра која освои 12.228, само илјада помалку од ДПА но гласовите беа премногу измешани во сите изборни единици.

„Глас за Македонија“ на Солза Грчева  освои само 2.803 гласови, додека „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев 2584. ГДУ, СДУ и Твоја партија заедно имаат околу 10.000 гласови.

По ваквите бројки може да се констатира дека овие партии доколку одеа во коалција можеа да се надеваат на некој пратеник.Но, бидејќи тоа не се случи , единствен добитник од ваквата ситуација е Зоран Заев,бидејќи речиси сите земаа од колачот на ВМРО-ДПМНЕ.

Проценките се дека со овие гласови ВМРО-ДПМНЕ на своето конто бил имал барем два пратеника плус со што распоредот на силите пред преговорите за идната влада ќе беа сосема поинакви.

 

 

 

 

 

30.386

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.