Владата на денешната седница донела одлука за целосно ослободување на движењето, односно за укинување на полицискиот час, како и почеток на работа за угостителските објекти.

Според неофицијалните информации, забраната за движење ќе биде укината утре, додека кафаните ќе отворат во четврток.

Се очекува оваа одлука наскоро да биде потврдена од страна на техничкиот премиер и министерот за здравство кои ќе одржат прес-конференција во 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.