Поранешната икона на СДСМ, претседтел на партијата, претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски стана дедо откако неговиот син Љупчо викендов стана татко на син кој, според најавите од семејството би требало да биде крстен по дедото – Бранко.

Бранко Црвенковски со сопругата Јасна има две деца, син Љупчо и ќерка Марија. Синот е оженет со ќерката на поранешниот директор на Комерцијална банка Скопје, Драгољуб Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.