На денешното рочиште за настаните за 27-ми април претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, сведочеше дека екс-спикерот Трајко Вељаноски постапил деловнички кога не дозволил преминување на друга точка на дневниот ред без да се исцрпи бројот.

Џафери потенцираше дека откако е пратеник, од 2002 година и досега во вториот мандат како Претседател на законодавниот дом, не се случило претседавач или Претседател на Собрание да премине на нова точка на дневниот ред без да се исцрпи листата на дискутанти на се уште незатворена точка.

Тој додаде и дека тогашниот претседавач со конститутивната седница Трајко Вељаноски немал ниту физичка можност да прекине дискусија на некој пратеник, односно немал копче за исклучување на контролната табла пред него.

Со ова во целост се негираат тврдењата во обвинителниот акт на Вилма Рускоска за т.н. организирање на настаните на 27-ми април во однос на тоа дека Вељаноски не постапувал според деловникот бидејќи не дозволил да се прекрши член 78 став 2 од Деловникот.

„За чудо“, само СДСМ тогаш и Вилма Рускоска денес тврдат дека Вељаноски постапил неделовнички на 27-ми април. Случајно или не, нека суди и јавноста и судечкиот совет во овој случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.