На 13. седница на совет на советот на општина Охрид, советничката група на СДСМ се подели. По подолго време се појави носителот на листата Науме Јованоски – Чакар, но наместо да седне на неговото место, тој и уште двајца советници, Деса Костаркоска и Стојан Митрески, седнаа во друг ред, а на местата на кои вообичаено седат советниците од СДСМ единствени остаа Бојан Михајлоски од СДСМ и Милена Грозданоска од НСДП, пишува „Охрид1“.

Координаторката на советничката група не беше присутна на седницата, а не беше присутен ни советникот од ВМРО НП, Ванчо Костоски.

Кога дојде гласањето за точките тројцата советници кои се одделија од советничката група на СДСМ гласаа за предложените точки, а со тоа дадоа поддршка за мнозинството од советот предводено од ВМРО ДПМНЕ.

„Охрид1“, неофицијално дознава дека овие тројца советните понатаму ќе долуваат како независна советчката група, а СДСМ останува со двајца свои советници.

Од претходно, коалицијата ја напуштија и Арбен Демироски, а поддршка на мнозинството дава и независниот советник Антонио Наумоски.

Според неофицијални информации на порталот, овој тренд ќе следи и во другите градови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.