Лица што треба да се затворени, шетаат слободно. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски уверува дека со промена на власта тоа ќе се случи, па нема да бидеме сведоци на вакви преседани.

Зборувајќи за случајот Рашковски Николоски рече дека се случил во време кога во СДСМ постоела внатрепартиска пресметка со Радмила Шекеринска и им избегала контролата во судството и обвинителството.

Во тој месец и половина системот почна да работи без притисок и се реализираше истрага за аферите на Рашковски, „Леонардо“, со хеликоптерите и сега и тој е делод кругот и непријатно е да проговори.

Николоски укажа дека моќта на Рашковски лежи во тоа што бил генерален секретар на Влада и тој оперативно ги води работите, како и дека ги зголемил средствата до три пати повеќе што се за Генералниот секретаријат.

Тоа значи дека Заев немал доверба во министрите и сакал сите работи да одат преку негов човек, односни преку Рашковски и Секретаријатот на Владата.

Рашковски влијаел на истрага, сведоци, а нема потреба да бега зошто се чувствува најсигурно со Заев во Македонија, вели Николоски.

Според него јасно е дека има целосна партизација на системот затоа за Камчев има секакви детали, ама за тоа што Рашковски се шета слободен не знаат ништо надлежните.

Николоски се осврна дека многумина се под политички прогон, им се уништуваат семејствата, ги бркаат од работа.

И тие за да се бранат земаат кредити за да имаат адвокати. Има 3.000 лица под прогон само заради желбата на Заев да се одмаздува. Затоа Заев се уште е премиер. Не за платата од 100.000 денари, туку за многу други работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.