Професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескска, кој беше дел од македонскиот правен тим кој во 2011 година го доби процесот по грчката тужба пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, им ја честита победата на северномакедонските фудбалери над летонските.

Во коментар по мечот меѓу Македонија и Латвија, кој заврши 2-0 Дескоски напиша: „Честитки до Северномакедонските репрезентативци за победата над Летонија (Латвија)! Уште и без примен гол!”, а на следбениците на Фејсбук, кои реагираат дека придавката „северномакедонски“ не произлегува од обврските од Преспанскиот договор, Дескоски им објаснува дека ќе мора да се навикнеме, оти така пишувало во Уставот.

Пред потпишувањето на Преспанскиот договор Дескоски предупредуваше дека со промена на името на државата, прифаќаме и промена на идентитетот.

Дескоски е во право, бидејќи решението жителите на Република Македонија да се нарекуваат Македонски, а не Северномкаедонци е политичко, не и природно, логично и во духот на индоевропските јазици кои се зборуваат во поголемиот дел од светот, а секако во Европа, а како наметнато не може да фати корен и да има долг век.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.