Граѓаните на Куманово, вечерва од пред храмот на спортот – комплексот Соколана, каде годинава почна првата фаза од реконструкцијата, ја испратија пораката дека Максим Димитриевски е идниот градоначалник на општина Куманово, велат од иницијатива „За наше Куманово“.

Независниот кандидат Димитриевски преку неговиот чесен и искрен пристап за развој на општината ги обедини сите и сè поголем број граѓани се приклучуваат на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

 

Огромен број граѓани од различни националности, вери и партиска припадност на вечерашниот собир му изразија почит и поддршка да истрае во идејата за модерно, слободно, чисто и европско Куманово.

 

На претстојните локални избори, во Куманово победува концептот на слободната мисла, на чесниот и искрен пристап. Во Куманово победува Максим Димитриевски! – велат од иницијатива „За наше Куманово“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.