Со обезбедени 4.000 садници денеска околу манастирот „Свето Преображение“ во Крушево се спроведе акција за пошумување.

Акцијата ја реализираа општина Крушево и компанијата „Секе“ со поддршка на претпријатието за стопанисување со шумите „Липа“, средното училиште „Наум Наумовски Борче“ и основното училиште „Никола Карев“.

Во акцијата се приклучи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, кој најави слични активности и во иднина.

– Денеска,  од манастирот „Св. Преображение“, на просторот каде пред само неколку седмици владееше огнена стихија, со засадување дрвја испраќаме пораки за заштита на животната средина и одговорност кон белите дробови на нашиот град, рече Христоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.