Попладнево во центарот на Охрид до стариот Чинар започна свечена церемонија за отворање на пицеријата „Луна“ која е во сопственост на советникот од ДУИ, Нефи Усеини.
Објектот е декориран со шарени балони и поставена е црвена лента и панделка која секој момент ќе биде пресечена од инвеститорот.
Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на земјиште на Република Македонија и е дивоградба.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати јавно кажа дека тоа е диворадба и дека објектот ќе се урива.
На церемонијата на свеченото отварање не се поканети медиумите, а нема информации кој од политичарите и коалиционите партнери на Усеини се поканети на свечениот чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.