На половина година пред најавените локални, а можеби и парламентарни избори, власта одбива да го имплементира она што самата го поддржа. Нема ни трага од највеното гласање со отпечаток на прст.

Како што дознаваме , коалицијата СДСМ и ДУИ намерно го одогловлекува спроведувањето на гласањето со т.н фингер принт. Иако тоа стана законска обврска откако ваквиот начин на гласање влезе во Изборниот законик.

Но, за тоа да се спроведе потребно е да се набават такви машини кои ќе бидат инсталирани на сите гласачки места.

Отпчатокот од прст ќе ја  исфрли од употреба спрејот и уве ламбата, кои се користеа за да се утврди дека лицето гласало само еднаш. Проверката ќе се прави со посебни терминали, во кои ќе бидат внесени изводи од избирачките списоци, на кои, покрај името, адресата и фотографијата, ќе стои и отисок од показалец.

Зошто власта не сака гласање преку отпечаток од прст?

Причината е едноставна-се подотвува нова изборна кражба. На СДСМ и на ДУИ им е совршено дека ВМРО-ДПМНЕ има предност на анкетите и оти ќе победи на изборите. Во таква ситуација се посегнува по она што најдобро го знаат а тоа се изборните нерегуларности.

Па така, ако не се набават овие машини можеби ќе го собори сопствениот рекорд по глас а тој е 30 секунди. Нема да изостане и семејното гласање и принципот „еден оди десет води“.

Пред неколку недели и новиот претседател на ДИК Александар Даштевски писмено ја информираше дека изборите се ближат но оти не се обезбедени средства за набавка на терминалите.

Друг проблем за набавка на опремата би можело да биде и тоа што МВР вели дека нема законско овластување да ја даде базата на податоци на ДИК, која потоа би ги внела во електронските изводи на Избирачкиот список.

Оттаму се изјаснија дека се потребни измени на два члена на  Изборниот законик со кои  на МВР ќе му биде наложено да ја сподели оваа база на податоци за користење и  обработка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.