Политичкиот аналитичар и член на СДСМ Владо Чингоски за NEWS 1 обелоденува дека се подготвува граѓанска листа од т.н „старо членство на СДСМ“

Јавна тајна е дека се спрема граѓанска листа за советници за локалните избори, но не е таа листа од СДСМ или избркани, да има многу членови од СДСМ кои не се задоволни од досегашните политики не целосни политики, но од водењето во партијата и точно е дека се подготвува таква граѓанска листа. Целта не е да му наштетитема на СДСМ или на друга партија. Нашата борба не е со политичките партии, туку советот да го вратиме на она место кое му припаѓа со законот за локалната самоуправа, а тоа е да биде совет на граѓаните. Од советот треба да излегува моќта на граѓаните. Надлежностите на советот се огромни. Советот треба да си ги превземе своите ингеренции и да биде оној нормативен органи и треба да си ги превземе своите ингеренции и да ги носи одлуките во интерес на граѓаните, а градоначалникот да мора да ги извршува тие одлуки, а не обратно, градоначалникот да ги наметнува тие одлуки на советот, а советот да дава амин на тие одлуки, вели Чингоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.