Лекарот Гоце Христов, специјалист интернист од струмичката болница, синоќа одбил да направи интернистичка анкета со граѓани кои се донесени во карантин во хотелот „Цар Самуил“, во Бања Банско, информираше денеска директорот на ЈЗУ „Општа болница Струмица“, Наќе Гогов.

Од Министерството од нашата болница беше побарано да се направи интернистичка анкета од специјалист доктор интернист за да бидат запишани сите хронични болести и лекарства кои ги земаат некои од граѓаните.

Јас му се јавив на докторот Гоце Христов, кој рече дека не може да оди заради тоа што имал мало дете и требало да и даде инфузија на баба му. Откако тој одби формиравме друг тим, кој успешно ја заврши задачата, рече Гогов.

Тој додава дека за лекарите имаат обезбедено целосна заштитна опрема, а на наше прашање дали ќе преземе нешто против лекарот, директорот Гогов одговори дека дополнително ќе одлучат какви мерки ќе преземат. Обидите да добиеме став од лекарот Христов беа безуспешни. До објавувањето на веста не одговори на повиците и пораките, пренесува МИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.