Mинистерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во Министерството за здравство се отвораат понудите за набавка на респираторни машини, при што предност ќе се даде на рокот на испораката.

Филипче истакна дека ситуацијата на светскиот пазар е таква што постои голема побарувачка од вакви машини поради пандемијата со ковид-19.

Владата на седницата од 3 април донесе Уредба со законска сила за интервентна набавка на респиратори за време на вонредната состојба со коронавирусот.

Станува збор за купување на 200 респираторни машини, а за набавката Министерството за здравство беше задолжено да објави јавен повик на својата веб-страница.

Оценката на понудите ќе ја врши тричлена комисија составена од вработени административци во Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.