Владата одобри да има дневен престој во училиштата кои од задутре ќе почнат со настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија, стои во одлуката од денешната седница донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.

На 1 октомври со физичка настава почнуваат учениците од прво до трето одделение и училишта за кои даде дозвола Комисијата за заразни болести. Според последните информации од училиштата, согласно препораките, учениците беа поделени по групи со максимум 15 ученици во една група и настава ќе посетуваат во смени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.