Меморандум за разбирање и соработка во борбата против Ковид 19 и договорот беа потпишани во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ги потпишаа премиерите на Србија, Македонија и Албанија – Ана Брнабиќ, Зоран Заев и Еди Рама.

Доколку некој граѓанин се затече во Србија или Албанија и треба таму да се лекува, државата каде се наоѓа ќе ги преземе трошоците за негово лекување таму. Истото важи и за државјаните на Србија и Албанија ако се затекнат тука. Со тоа нема да треба граѓаните на трите земји да плаќаат за лекување од свој џеб – рече Заев по потпишување на меморандумот.

Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка меѓу земјите.

Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од Ковид-19. Граѓаните и, пред сè, носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР-тестови односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар. Сакаме да го олесниме животот на нашите граѓани и да поставиме основи за економско закрепнување- рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.