Откако „Република“ постави прашање до Централен регистар зошто го регистирале клубот „Иван Михајлов“, Регистарот испрати образложение.Оттаму велат дека  не смееле да го спречат основањето на вакво здружение а за спорното име објаснуваат дека се што треба да е содржано во името на организацијата е регулирано со член 8 и 9 од Законот за здруженија и фондации.

Согласно член 49 од Законот за трговските друштва – Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Оттаму додаваат дека  пријавата за упис на основање била доставена изјава заверена кај нотар од застапникот по закон на здружението – лицето Љупчо Ѓоргиевски со која под морална, материјална и кривична одговорност тврди дека лицето Иван Михајлов нема законски наследници до трет ред во права линија. Согласно истите одредби во врска со кои доколку нема наследници, согласност дава Министерството за правда.

Во отсуство на издадено Решение за Согласност од страна на Министерството за правда кон Пријавата за упис е доставено Известување од Министерство за правда со бр. 11-423/2019, од 05.03.2019 година, со кое се известува подносителот дека Министерството за правда не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности или каков било друг документ со кој може да се утврди статусот на историска личност и употребата на нејзиното име.

Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност.

 

 Централниот регистар не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања како темелна вредност определено во член 20 и член 48 од Уставот-додаваат оттму.

Регистарот нагласува дека единствено Утавниот суд е надлежен да утврди дали нарушување на уставниот поредок од страна на ова здружение.Согласно член 110 од Уставот на РСМ, Уставниот суд, покрај другото, одлучува и за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженијата на граѓаните.Понатаму, во надлежност на Уставниот суд е и укинување и поништување на Статут и Програма на здружение, доколку утврди дека истите не се во согласност со Устав или закон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.