Од Судот во Штип ја информираат јавноста дека се одложуваат закажаните рочишта од 16 до 24 март, освен неколку судења по итни предмети.

-Присутните судии едногласно донесоа заклучок за одложување на закажаните рочишта во периодот од 16.03.2020 година заклучно со 24.03.2020 година, со исклучок на рочишта по предмети кои во смисла на чл.72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од скоро застарување на постапката.

За одлагањата странките ќе бидат известени со известување од страна на судиите кои постапуваат по тие предмети.

Известување за тоа кои судења ќе биде истакнато на веб страната на судот како и ќе бидат истакнати соопштенија на видни места на влезовите во судот.

Така, се одлагаат сите закажани рочишта кај судиите Олгица Павловска, Невена Перица, Јулијана Недкова, Лидија Санева, Лилјана Јанкова, Ленче Манева, Емил Пилатов и Александар Цацков, со исклучоци и тоа:

  • Кај судија Јулијана Недкова ќе се одржат рочиште по предметот К-155/20 на ден 16.11.30 часот кој е притворски предмет и рочиште по предметот К-494/19 на ден 20.03.2020 година кој е предмет за кривично дело „Телесна повреда“ од чл.130 ст.2 од КЗ – дело сторено при семејно насилство.
  • Кај судија Лидија Санева рочиштата за предмети со сторители на дела – малолетници и прекршочни предмети од итна природа.

Известуваме и дека судиите Маја Џорлева, Анита Јорданова и Мери Гичева го користат правото за отсуство од работа заради чување на деца помали од 10 кои не постевуваат настава, согласно препораките на Владата на РСМ и рочиштата за судењата кај овие судии се пренасрочени од нивна страна од претходно и нема да се одржат во наведениот период.

Седницата на судии истакнува дека ваквиот заклучок е во согласност со препораките на Владата на РСМ од 15-тата седница одржана на 10.03.2020 година, како и препораките на Министерството за здравство, со цел заштита на здравјето и животите на луѓето, со што ќе се намали бројот и фрекфенцијата на луѓе во просториите во судот, а со тоа и ќе се намали ризикот од евентуално ширење на заразната болест. При тоа се има предвид дека во ОС Штип постојат само три судници во кои може да се задоволат препораките за избегнување на близок контакт и држење на растојание помеѓу присутните, а поголем дел од судењата, поради немање на доволен број судници, судиите ги одржуваат во своите канцеларии, кои се мали простории и во истите не е можно доследно почитување на препораките во истите.

Предметните рочишта ќе бидат одложени за краток рок со цел да не се наштети на правата на странките.

Рочиштата кои ќе се одржуваат во наведениот период од 16.03. до 24.03. ќе бидат одржувани во трите судници кои ќе бидат претходно и последователно соодветно исчистени.

Воедно, се апелира до граѓаните да без постоење на итна и неодложна потреба не доаѓаат во просториите на ОС Штип, а за сите оние кај кои постои итна и неодложна потреба ќе биде обезбедена асистенција и ќе биде постапено по нивните барања, согласно закон.

Воедно, се апелира до сите своите барања, предлози и други писмена да ги доставуваат до судот, по можност, по поштенски или по електронски пат – на електронската адреса на ОС Штип [email protected], со цел намалување на фрекфенцијата на луѓе во просториите на ОС Штип, а заради превенција и заштита од заразната болест, велат од Судот во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.